Дома Фудбал ПСЖ трие раце: Пристигнува првото летно засилување

ПСЖ трие раце: Пристигнува првото летно засилување

Новиот член на францускиот шампион би можел да биде играчот за врска на Челзи, Н’Голо Канте, кој е прва мета на ПСЖ за редот за врска ова лето.

Раководството на Парижаните објави дека е во преговори со агентот на 27-годишниот фудбалер. Исто така, новиот тренер на тимот, Томас Тухел е голем фан на Канте и тргна офанзивата за неговото пристигнување на „Паркот на Прицовите“.

Канте зад себе има навистина успешен период во кариерата. Се појави изненадувачки во дресот на Лестер со кој ја освои шампионската титула во Англија, а потоа истото го повтори со Челзи.

Иако „Плавите“ изминатата сезона беа многу очајни, тој без дилема беше најдобар фудбалер во тимот, но се чини дека на неговиот престој на „Стемфорд Бриџ“ му доаѓа крајот.

Понудата на ПСЖ сигурно ќе биде одлична и не треба да биде чудно ако Канте одлучи да потпише за францускиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фалк ги смирува „топчиите“: Едегор не оди во Баерн, Нуса бара стартно место

Кристијан Фалк ги отфрла шпекулациите за преселба на Едегор во Минхен, а објаснува и зошто…