Пари Сент Жермен сака да го задржи Лео Меси, а шпекулациите дека Аргентинецот може да се врати во Барселона го натераа клубот побрзо да реагира со нов договор.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ПСЖ веќе спремил понуда за продолжување на договорот, а француските медиуми откриваат дека станува збор за 1+1 години и плата од 30 милиони евра по сезона.




Во овој момент тешко е да се предвиди дали Меси ќе се согласи да остане во Париз и после крајот на актуелниот договор, кој му истекува во јуни 2023 година.




Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона прави напори да го врати Меси на „Камп Ноу“, а тренерот Чави може да одигра клучна улога.
ПСЖ пак не сака да го загуби и сака што побрзо да ја продолжи соработката со Аргентинецот.