Пари Сент Жермен ова лето направи неколку бомбастични трансфери, па многумина се прашуваат дали за „светците“ важи Финансискиот фер-плеј.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сега ПСЖ е спремен да продаде некои свои ѕвезди, а „Паризиен“ објави дека тројца фудбалери се ставени на трансфер листа.
Станува збор за Пабло Сарабија, Рафиња и Курзава, кои треба да бидат продадени до крајот на преодниот рок.
Денес како „бомба“ одекна веста дека ПСЖ е спремен да го продаде и Килијан Мбапе и очекува понуда од Реал Мадрид, бидејќи не сака да ја загуби својата ѕвезда без обештетување следното лето.