Дома Фудбал ПСЖ нема да жали пари за Диего Симеоне

ПСЖ нема да жали пари за Диего Симеоне

Француските медиуми пренесуваат дека голема желба на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е на клупата на својот тим да го види Диего Симеоне.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Томас Тухел веќе две години ги води „светците“, но медиумите тврдат дека ова за него ќе биде последна сезона на кормилото на ПСЖ и веќе се поврзува со клупата на Баерн Минхен.

Сопственикот на ПСЖ ја цени работата на Симеоне и смета дека ќе биде полесно да се победи во Лигата на шампионите со него. Тој знае дека Аргентинецот е посветен на неговата работа во Атлетико и дека тешко ќе го убеди да се пресели во ПСЖ.

Симеоне неодамна го продолжи договорот со „јорганџиите“ и стана еден од најплетените тренери во светот, но ПСЖ нема да жали пари и е спремен да му понуди уште побогат договор.

Симеоне го предводи Атлетико од 2011 година. Тој го освои шампионатот, Купот и Суперкупот на Шпанија, Лигата на Европа (двапати) и Суперкупот на УЕФА, а  два пати загуби во финалето од Лигата на шампиони,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…