Легендарниот голман, Џанлуиџи Буфон вчера го прослави својот 41-роденден, а во ПСЖ му спремиле интересен „подарок“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кога пристигна во ПСЖ ова лето Буфон со „светците“ потпиша договор на една година, со опција истиот да биде продолжен на уште една.
Во Лига 1 Буфон прими само пет погодоци, па поради тоа во ПСЖ донеле одлука да ја искористат опцијата во договорот и да му го продолжат до 2020 година.
Како што дознаваат француските медиуми, официјализирањето се очекува во наредните денови, со тоа ќе биде потврдено дека Џиџи останува во Париз најмалку до 2020 година.