Дома Топ вести ПСЖ му нуди спектакуларна трампа на Манчестер Јунајтед

ПСЖ му нуди спектакуларна трампа на Манчестер Јунајтед

0

Раководните луѓе на ПСЖ ги контактирале колегите од Манчестер Јунајтед, за да му предложат директна размена на незадоволните ѕвезеди во двата тима, Пол Погба и Нејмар.

Оваа бомбастична информација денес ја пласираше „Индепендент“, кој додава дека од „Олд Трафорд“ веднаш го отфрлиле педлогот и тоа поради две причини. Прво во Јунајтед сметаат дека зделката ќе биде многу скапа за клубот поради високата плата на Нејмар. Бразилецот неделно заработува 900.000 фунти, што е скоро двојно повеќе од највисоката плата на „Олд Трафорд“.

Втората причина е што извршниот директор на клубот, Ед Вудворд се уште смета дека ќе може да го убеди Погба да остане на „Олд Трафорд“.

Бразилецот сака по секоја цена да го напушти ПСЖ ова лето, а како најверојатна дестинација се наведува Барселона, која исто така е заинтересирана да го врати во своите редови.

Што се однесува пак до Погба, јавно истакна дека е спремен за нов предизвик, но Јунајтед нема да го пушти додека некој клуб не плати 150 милиони евра. За него силен интерес покажуваат Реал Мадрид и Јувентус, но не се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

БОМБА: Реал и ПСЖ сакаат да ја „изиграат“ Барса за Нејмар!

Сагата околу евентуалниот трансфре на Нејмар е главна тема откако Бразилецот јавно потврди…