Изгледа дека ПСЖ донесе конечна одлука на лето да се раздели со најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, пренесуваат француските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Не станува збор само за повредата, која ќе го оддалечи од терените скоро три месеци, едноставно во Париз сфатија дека направиле грешка со неговиот ангажман.
Нејмар постојано се жали на се и не е среќен во Париз. Му сметаат лошите терени, слабата конкуренција, а веќе две години со ред нема да игра во клучните натпревари од Лигата на шампиони.
ПСЖ е спремен да го продаде на лето и за неговата слобода ќе бара 180 милиони евра, па сега се поставува прашањето кој клуб е спремен да ја плати таа сума.
Барса се повлече од трката, Реал е насочен кон Азар, а платата од 35 милиони евра на Нејмар можат да му ја понудат единствено клубовите од Манчестер.
Францускиот клуб има проблеми со ФФП, па ќе направи се за да го задржи Мбапе и поради тоа е спремен да го „жртвува“ Нејмар.