Дома Фудбал Останато ПСЖ ги повика Тухел и Мбапе на вонредна средба

ПСЖ ги повика Тухел и Мбапе на вонредна средба

Поради непримерното однесување на Килијан Мбапе и расправијата со тренерот Томас Тухел го принуди раководството на ПСЖ да ги повика двајцата на средба.

Мбапе излезе од игра во 68-та минута на мечот со Монпеље и реагираше многу бурно поради тоа. Тухел сакаше да го смири, но не му успеа, па нивната караница продолжила во соблекувалната.

По мечот во соблекувалната на парижаните било бурно. Француските медиуми објавија дека Тухел бил бесен кога дошол во соблекувалната и потоа почнал да му држи лекции на младиот напаѓач.

Медиумите тврдат дека Мбапе не е среќен од работата на германскиот стратег и смета дека не знае правилно да го користи големиот потенцијал на тимот.

Поради тоа имало вонредна средба меѓу Тухел, Мнбапе и директорите на кои била смирена ситуацијата.

Статистиката е на страната на младиот Французин кој има постигнато 22 гола и 13 асистенции на 25 меча оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мајкл Керик е оптимист: Ќе го надминеме ова!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, изрази верба дека неговиот тим ќе успее да го…