Се појави во текот на вчерашниот ден најава дека Роберт Просинечки може да биде нов селектор на Гана, но место тоа тој ќе седне на клупата на Црна Гора.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Денеска стигна официјална потврда за неговото седнување на клупата на Црна Гора. Во Црна Гора Просинечки повторно ќе соработува со Дејан Савичевиќ. Двајцата се легенди на црвено-белите и со српскиот гигант во 1991 година ја освоија титулата шампион на Европа.
На клупата Просинечки ќе дебитира на 21-ви март кога Црна Гора ќе игра пријателски натпревар против Белорусија, а четири дена подоцна ќе се сретнат и со репрезентацијата на Македонија.
Просинечки едногласно беше избран на седницата на извршниот одбор и така седмиот селектор од осамостојувањето на Црна Гора. Во транерската кариера на клупски план Просинечки ги водеше: Црвена Звезда, Кајсериспор, Денизлиспор, Олимпија Љубљана и хрватски Рудеш.