Дома Останати Пропаѓа ли договорот за најголемиот боксерски меч?

Пропаѓа ли договорот за најголемиот боксерски меч?

Неодамна беше потпишан договор за две борби помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, но преговорите околу последните детали се уште траат.

Не се знае ниту локацијата, ниту датумот на борбата. Неодамна Фјури објави дека 10. април е краен рок за договор околу локацијата, а сега неговиот татко ги нападна промоторите Боб Арум,м Франк Варен и Еди Херн. Тој смета дека се уште не се најдени пари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Нема пари! Никој не сака да плати толку многу пари за борба без публика…Само Саудијците имаат пари, но ниту тие не скокнаа за ова да се реализира. Нели е така? Ќе ви кажам и зошто се случува: Ова е погрешен момент за борбата, времето е погрешно“, изјави Џон Фјури.

31 годишниот Џошуа ги држи титулите во ИБФ, ВБО и ВБА, а неговиот една година постар сонародник е шампион во ВБЦ откако го победи Деонтај Вајлдер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…