Дома Трансфер зона Пропадна трансферот на Кастиљехо во ЦСКА Москва

Пропадна трансферот на Кастиљехо во ЦСКА Москва

Крилниот напаѓач на Милан, Самуел Кастиљехо беше пред трансфер во ЦСКА Москва, но сепак ќе остане на „Сан Сиро“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кастиљехо цело лето беше на излезна врата од Милан, а со доаѓањето на Месијас неговата минутажа сигурно додатно ќе се намали.

Трансфер пазарот во Русија е отворен до 7 септември, па ЦСКА Москва започна преговори со Милан за трансфер на Шпанецот.

Меѓутоа италијанските медиуми тврдат дека двете страни не постигнале договор и Кастиљехо сигурно останува во Милан.

Рускиот клуб го сакал играчот на позајмица, додека Милан инсистирал да биде вметнат задолжителен откуп, па преговорите пропаднале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…