Дома Фудбал Промаши пенал па ги обвини празните трибни: Испаднав будала

Промаши пенал па ги обвини празните трибни: Испаднав будала

Aугусбург и Келн вчера одиграа 1:1 во рамките од 30. коло во Бундеслигата.

Домаќините можеа да поведат во 27. минута, но нивниот напаѓач Флоријан Ниедерлечер промаши пенал. Неговиот удар го одбрани Тимо Хорн.

„Ја направив најголемата грешка која може да се направи при изведувањето на пенали. Се поради е*ените празни трибини“, изјави Ниедерлечер.

Имено, тој секогаш шутир на својата десна страна. Тоа го знаеле неколку играчи на Келн и му го кажале на голманот Хорн. Откако го слушнал нивниот разговор Ниедерлечер се решил да ја промени страната.

„Секогаш шутирам десно. Дозволив ситуацијата да влијае на мене. Често пати бев херој, денес испаднав будала“, заврши напаѓачот на Аугусбург.

На четири кола пред крајот Аугусбург е на 13. место со 32 бода, четири повеќе од зоната на испаѓање додека Келн е за едно место подобар со 35 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фалк ги смирува „топчиите“: Едегор не оди во Баерн, Нуса бара стартно место

Кристијан Фалк ги отфрла шпекулациите за преселба на Едегор во Минхен, а објаснува и зошто…