Дома Фудбал Англија Продолжува „војната“ меѓу Конте и Челзи – Италијанецот поднесе нова тужба

Продолжува „војната“ меѓу Конте и Челзи – Италијанецот поднесе нова тужба

Поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте поднесе нова тужба против англискиот клуб, иако тој веќе побди во еден судски спор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Деталите се уште не се јасни, но според англиските медиуми, ваквите случаи обично вклучуваат обвиненија за неправедно разрешување или дискриминација.

Во април, Конте веќе го доби клубот од „Стемфорд Бриџ“, кој беше принуден да ја плати целата годишна плата на Италијанецот од 9 милиони фунти. Ова се случи откако двете страни не успеаја да се договорат за висината на обештетувањето.

Овој пат, мотивите на Италијанецот не се чисто финансиски, бидејќи тој може да добие максимум 60,000 фунти ако се потврдат неговите тврдења за погрешно отпуштање.

Конте сакал да продолжи да му нанесува материјална штета на клубот, иако поминаа 13 месеци од неговото разрешување. Сослушувањето за новиот случај било минатиот петок, а судот треба да донесе одлука во септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пелистер ќе го води тренер кој бил помошник на Душко Ивковиќ!

КК Пелистер одржа редовно годишно собрание на кое беа избрани новите структури на клубот. …