Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо ја продолжи соработката со Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Начо со Реал Мадрид истекуваше за неколку дена и имаше повеќе понуди да ја продолжи кариерата на друго место, но тоа не се случи и стави потпис на нов договор за соработка најмалку до 30-ти јуни 2024 година.
Дел од Реал Мадрид, Начо е од 2001 година, а за првата екипа игра од 2011 година и досега запиша 319 натпревари и освои 23 пехари.
Следен кој би требало да потпише нов договор е Дани Себаљос, тој би требало да стави потпис до 2027 година.
🌟 @Nachofi1990 🌟#Nacho2024 pic.twitter.com/4MsLxLPaNT
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 22, 2023