Барселона се соочува со големи финансиски проблеми кои ќе мора наскоро да ги реши, но засега на претседателот Жоан Лапорта не му оди најдобро.
Лапорта успеа да се договори со Лионел Меси да ја намали платата на половина, но каталонски „Спорт“ објави дека првиот човек на Каталонците не може никако да постигне договор со Жерар Пике, Серхио Бускетс, Серхиo Роберто и Жорди Алба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овие фудбалери одбиле да ја намалат платата и да му помогнат на каталонскиот гигант, кој бара решение за актуелната состојба, која воопшто не е добра за тимот.
Лапорта сега ќе мора да се обиде на останатите фудбалери да им ја намали платата, а со тоа и да ги намали трошоците кои ги има тимот.