Арсенал ќе биде ослабен во наредниот натпревар против Њукасл кој овој викенд ќе го одиграат во Премиер лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што потврдуваат последните информации Арон Рамзи нема да му биде на располагање на стратегот на „топџиите“, а тој ќе биде надвор од терените три недели.
Венгер во последно време има проблеми со повредените фудбалери. Шкодран Мустафи започна да тренира, но Венгер истакна дека е преголем ризик тој да настапи во наредниот натпревар.
Проблем со препоните имаше и Александар Лаказет, поради што го пропушти последниот натпревар против Вест Хем и неговиот настап е исто така ставен под знак прашалник.
Арсенал веќе три кола во низа е без победа во Премиер лигата и поради тоа падна на седмото место со 30 бодови, 19 бодови помалку од лидерот Манчестер Сити.