Дома Фудбал Проблеми во Челзи: Се скарале газдите – некој може и да замине!?

Проблеми во Челзи: Се скарале газдите – некој може и да замине!?

Од кога во клубот пристигнаа американските газди екипата на Челзи потроши огромни пари на засилувања, а сега медиумите пишуваат за проблеми помеѓу сопствениците.

Наводно односот помеѓу Тод Боели и Бедад Егбали бил нарушен. За ваквата ситуација се посочуваат три можни причини.

Првата била различното мислење околу трансфер политиките, потоа слабите настапи на тимот и неуспехот при прогресот да се изгради нов стадион.

Се пишува дека дури и еден од газдите може да го продаде својот дел. Во овој момент мнозински сопственик е Бедад Егбали со околу 62%, додека Тод Боели има околу 13% бидејќи својот влог го подели со уште двајца инвеститори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…