Дома Фудбал Проблеми во Барселона – Суарез одби да се ракува со тренерот!

Проблеми во Барселона – Суарез одби да се ракува со тренерот!

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез одби да се поздрави со тренерот Валверде после синоќешниот триумф над Малага на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Суарез синоќа прописно се изнапромашува против Малага, па Валверде се одлучи да го извади од игра во 83-та минута, а на негово место да го стави Пако Алкасер.

На Суарез тоа не му се допадна, па разочарано помина покрај тренерот без да се поздрави и замина на клупата.

Сепак, Валверде не сака да крева тензија и тврди дека играчи како Суарез се секогаш разочарани кога излегуваат од игра.

„Суарез е амбициозен и нормално дека не сака да биде изваден од игра“, изјави Валверде.
Суарез оваа сезона игра под своите можности и очекувања, па има постигнато само три гола во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Здодевно, па драма: Јужна Кореја го почести Мексико (Видео)

Фудбалерите на Мексико ја совладаа Јужна Кореја со 1:0 (0:0) во Гвадалахара, во дербито на…