Кеита Балде ова лето пристигна во Интер како големо засилување, но не успеа да го оправда тој епитет во досегашниот дел од сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Напаѓачот пристигна од Монако на позајмица, но Интер ќе има право на откуп за 34 милиони евра на крајот на сезоната. Сепак, како што стојат работите уште сега е јасно дека „нероаѕурите“ нема да ги платат тие пари за Сенегалецот.
Кеита во повеќето натпревари ја грее клупата, па италијанските медиуми пренесуваат дека може да го напушти Интер после само шест месеци и да се врати во Монако.
Интер сериозно размислува да ја прекине позајмицата и да го врати во Монако, но доколку тоа се случи Кеита нема долго да се задржи во „кнежевството“.
Имено, Вулверхемптон е силно зиантересиран за напаѓачот и ја чека одлуката на „нероаѕурите“.