Дома Фудбал Приказната продолжува: Симеоне става потпис на нов договор

Приказната продолжува: Симеоне става потпис на нов договор

Диего Симеоне постигна договор со Атлетико Мадрид за нов тригодишен договор, објавија шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот, кој е на кормилото на тимот од 2011 година, му донесе многу успеси на „јорганџиите“, па клубот сака да го задржи и во наредните три години.

Симеоне откако седна на клупата буквално го препороди Атлетико освои две титули во Лигата на Европа, како и две титули во Ла Лига, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампиони.

Иако се шпекулираше дека во последните две сезони дошло до презаситување и дека Симеоне е спремен да ја промени средината после 12 сезони, сепак веднаш го прифати новиот договор.

Интересно е што Симеоне се согласил драстично да му биде намалена платата, дури за 45%, со што повеќе нема да биде најплатен тренер на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија остана без селектор, Куман си замина!

Роналд Куман ја поднесе својата оставка како селектор на холандската репрезентација откако…