Дома Останати Приказната за првиот роденден на Канте, се извинил поради подарокот!

Приказната за првиот роденден на Канте, се извинил поради подарокот!

Н’Голо Канте ја фрли во сенка цела конкуренција. Нема човек за кој се зборува во последно време толку многу колку што се зборува за Французинот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Канте е омилен лик каде и да се појави, а сите ги освојува со неговата скромност и срамежливост, додека на теренот е неверојатен.

За Канте беа раскажани многу приказни во последно време, а може да се пофали и со многу успеси.

Една приказна доаѓа од периодот кога настапувал за Каен. Тогаш добил повик за роденденска забава, а тоа што се случило е неверојатно.

„Го повикав Канте на роденден, тоа беше мала забава. Тој дојде со кутија чоколада. Беше срамежлив, дури ми се извини и кажа дека не знаел што да купи зашто тоа било првпат да оди на роденден“, се присети неговиот поранешниот соиграч Фелипе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Роналдо плачеше како мало дете – остана без уште еден трофеј (ВИДЕО)

Фудбалерите на јапонската Гамба Осака го победија Ал-Наср со 1:0 во финалето на азиската Б…