Дома Фудбал Претседателот на Примера: ПСЖ е опасен за фудбалот

Претседателот на Примера: ПСЖ е опасен за фудбалот

Претседателот на шпанската Примера, Хавиер Тебас остро го нападна Пари Сент Жермен, откако францускиот клуб не го пушти Мбапе во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ ова лето донесе неколку ѕвезди и уште еднаш покажа дека може да ги „изигра“ правилата на УЕФА за Финансиски фер-плеј.

„Клубовите држави се опасни за фудбалот исто колку и Суперлигата. Бевме критични кон Суперлигата бидејќи го уништува европскиот фудбал, па треба да бидеме критични и кон ПСЖ. Загуби од пандемијата 300 милиони евра. Приходи од ТВ права во Франција намалени за 40%. На сето тоа плус 500 милиони евра за плати? Неподносливо“, истакна Тебас.

Во време на финансиска криза ПСЖ ги привлече двете најголеми ѕвезди од Примера, Лео Меси и Серхио Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија остана без селектор, Куман си замина!

Роналд Куман ја поднесе својата оставка како селектор на холандската репрезентација откако…