Дома Фудбал Претседателот на Ла Лига убеден: Роналдо и Гризман не одат никаде!

Претседателот на Ла Лига убеден: Роналдо и Гризман не одат никаде!

Kристиано Роналдо и Антоан Гризман, нема да ја променат средината ова лето, барем според зборовите на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тебас во разговор за „Онда Серо“ порача дека двајцата најдобри играчи на клубовите од Мадрид нема да ги применат клубовите и тоа тврди со прилична сигурност.

„Немам дилеми – Роналдо и Гризман остануваат во Реал и Атлетико! Да ви објасна. На скала од 1 до 10 за заминување на Роналдо би дал четворка. Ете, толку сум загрижен. Тоа би било драматична работа за нас, но како лига стануваме многу силни и независини“, порача Тебас.

Меѓутоа од сите краеви на Европа пристигнуваат поинакви информации. За Роналдо најмногу се споменува трансфер во Манчестер Јунајтед, а нездоволството со кое зраши Португалецот зборува за тоа дека е сериозен во намерата да замине.

Кога во прашање е Гризман тој во текот на гостување во француската телевизија „ТF1“ oткри дека одлуката ќе ја донесе најдоцна до првиот натпревар на Франција на Мундијалот, а тоа е во сабота од 12 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно се огласи Жозе Мурињо и зборуваше за враќањето во Реал Мадрид: “Навикнати сме на тие работи”

Се шпекулира со многу имиња, а евидентно е дека по летото Алваро Арбелоа нема да седи на к…