Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер зборуваше за можноста клубот да го донесе напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој во разговор за германските медиуми откри дека Баерн има економска моќ и без проблем да реализира таков трансфер.
„Екомонски сме многу силен и стабилен клуб. Нормално дека и ние многу загубивме поради пандемијата, но секогаш можеме да го купиме играчот за кого сме сигурни дека ни е потребен“, изјави Хајнер.
„Пред само две недели нашиот спортски директор потврди дека го доведовме еден од најдобрите дефанзивци, Дајот Упамекано“, додаде претседателот на Баварците.
Халанд е на мета на многу европски гиганти и се очекува неговиот трансфер да изнесува околу 100 милиони евра.