Дома Фудбал Останато Претседателот на Ајнтрахт ја нападна УЕФА: Зошто игравме на овој Мики Маус стадион!?

Претседателот на Ајнтрахт ја нападна УЕФА: Зошто игравме на овој Мики Маус стадион!?

Вчера на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ се одигра финалето во Лигата на Европа во кое славеше тимот на Ајнтрахт.

После 120 минути фудбал на семафорот стоеше 1:1, па победникот се решаваше со изведување на пенали. Првите три серии ги реализираа фудбалерите и на двете страни, а потоа во четвртата лошо шутираше Арон Рамзи. Кевин Трап го одбрани неговиот за голема предност на својот Ајнтрахт која на крајот и ја искористи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, претседателот на германскиот клуб Питер Фишер и замери на УЕФА што финалето се играше на овој стадион.

„200.000 навивачи сакаа да бидат тука денес, но 190.000 се тажни затоа што игравме на овој Мики Маус стадион“, изјави претседателот на германскиот клуб кој не може да се помири со фактот што неговиот тим доби само 10.000 влезници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…