Дома Останати Пресврт: Лино Червар останува селектор на Хрватска

Пресврт: Лино Червар останува селектор на Хрватска

Трофејниот хрватски стратег Лино Червар иако најави повлекување од хрватската репрезентација после ЕП, сепак ќе остане на клупата на „коцкестите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На денешната седница на управниот одбор на Ракометната федерација на Хрватска, одлучено е Лино Червар да остане селектор на репрезентацијата и да ја води на Светското првенство во Германија и Данска.

„Заради неможноста брзо да избереме селектор, а ни следат два натпревари со Шведска, одлучивме да го потврдиме Червар за следниот временски период, иако му истече договорот“, изјавија од Федерацијата.

Ваквата одлука веројатно ќе влијае и на иднината на Червар во Металург кој официјално се уште не е заминат од македонскиот клуб, но Александар Јовиќ веќе со месеци е прв тренер на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вардар ги дозна можните ривали во групната фаза на ЛШ

Ракометниот клуб Вардар ќе ја очекува ждрепката за новата сезона во Лигата на шампиони од …