Дома Трансфер зона Пресврт во Торино: Кедира го убедил Сари да остане, сега на трансфер листата е друг играч?

Пресврт во Торино: Кедира го убедил Сари да остане, сега на трансфер листата е друг играч?

0

Италијанските медиуми денес објавија дека Сами Кедира судејќи според се ќе остане во Јувентус.

Маурицио Сари од доаѓањето во Торино му соопшти на Сами Кедира дека не смета на него и дека може да го напушти клубот. Германецот беше блиску до трансфер во Арсенал, но на крајот неговиот трансфер во лондонскиот клуб пропадна.

Но, „Тутомеркато“ објави дека Кедира разговарал со Сари и дека го убедил да го задржи во тимот. Сепак, проблем е што некој веројатно ќе мора да замине.

Сега наводно на трансфер листата е ставен Емре Чан за кого Јувентус бара околу 40 милиони евра. Тој дојде од Ливерпул пред една година како слободен играч и одигра 37 натпревари.

Сепак, Јуве во својот тим има голем број играчи за врска и некој како што споменавме ќе треба да замине. Останува да видиме до крајот на преодниот рок дали тие најави ќе се остварат и тоа ќе биде Чан.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анчелоти: Икарди? Не ме интересира!

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти денес на пресконференцијата пред мечот со Фиорентина од…