Дома Трансфер зона Пресврт: Вајналдум сепак нема да ја засили Барселона

Пресврт: Вајналдум сепак нема да ја засили Барселона

Скоро сигурно беше дека Барселона во своите редови ќе го донесе Вајналдум како слободен играч, како што тоа го направија со Агуеро и Ерик Гарсија.

Вајналдум долго време беше во преговори со Барселона. На Камп Ноу беа подготвени да му дадат договор, беа подготвени и лекарскиоте прегледи, меѓутоа дојде до промена.

Јавна тајна е дека Каталонците имаат огромни финансиски проблеми, па едноставно не се во можност да се натпреваруваат со најбогатите клубови на денешницата.

Изгледа дека така било и со Вајналдум. ПСЖ на Холанѓанецот му понудиле повеќе пари, телефонски повик направил и Маурисио Покетино и веројатно работата ќе биде завршена.

Фабрицио Романо тврди дека Парижаните испратиле одлична понуда за играчот кој силно го посакуваат и кој како капитен ќе ја предводи Холандија на ЕП.

Ситуацијата е јасна, доколку Барселона не ја зголеми понудата, 30-годишниот играч наместо на Камп Ноу ќе пристигне на Паркот на принцевите. Одлуката се очекува во наредните часа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Aгуеро по трансферот во Барселона си купи ново „Ферари“ 📸

Искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро стана нов член на Барселона и веднаш реши да с…