Дома Фудбал Останато Прекрасна вест: Голманот кој се бореше за својот живот едвај чека да се врати на терените!

Прекрасна вест: Голманот кој се бореше за својот живот едвај чека да се врати на терените!

Прекрасни вести ни пристигнуваат од Шпанија. Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико одлично се опоравува и сака да се врати на терените.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рико успешно се опоравува во татковината по падот од коњ кога се здоби со тешки повреди на главата. Негова голема желба е повторно да застане помеѓу стативите.

„Едвај чекам да се вратам на своите стари обврски и повторно да се почувствувам како фудбалер“, изјави Рико кој има договор со францускиот шампион до крајот на актуелната сезона.

Рико нагласи дека не се променил по несреќата.

„И понатаму сум истиот. На крајот, јас бев тој кој најмалку патев бидејќи не бев при свест. Моето семејство помина навистина низ тешки моменти. Со денови гледаа личност која само спие чекааа одговор што ќе биде“, истакна голманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос во една репрезентација: Јас повеќе нема да играм додека тој е селектор!

Централниот играч за врска на Вилјареал, Папе Гуеје, објави дека повеќе нема да игра за ре…