Дома Топ вести Пред шест години секунди ги делеа од полуфинале во ЛШ, а денес немаат играчи да одиграат натпревар

Пред шест години секунди ги делеа од полуфинале во ЛШ, а денес немаат играчи да одиграат натпревар

0

Пред само шест години Малага беше на неколку секунди од влез во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Одличниот тим на Мануел Пелегрини предводен од Иско, Демикелис и Хавиер Савиола во четвртфиналето во првиот натпревар против Борусија Дортмунд одигра 0:0, а во реваншот водеше 2:1 до 91-та минута. Но, во шокантната завршница прво Марко Ројс изедначи на 2:2 и тоа беше резултат кој Шпанците ги водеше во полуфиналето, меѓутоа две минути подоцна стоперот Фелипе Сантана погодува за победа на Борусија од 3:2. Таа година „милионерите“ стигнаа до финалето.

Додека играчите беа одлични на терен управата на овој клуб работеше очајно. Во 2013 година Малага беше 100 милиони евра во минус. Платите на играчите беа астрономски и според приходите не можеа да си ги дозволат. УЕФА прво го исфрли клубот од европските натпреварувања, а шпанскиот сојуз се закануваше со исфрлање во втора лига.

Главните играчи беа распродадени, а Малага од сезона во сезона тонеше, за минатата сезона во псоледното коло да испадне после десет години поминати во Примера.

И работите не изгледаат дека се подобруваат. Малага во сабота во рамките од 11-тото коло од Секунда би требало да го дочека Кадис, но тој натпревар би можел да биде одложен поради бизарен проблем.

Клубот од „Ла Росаледа“ поради повредите и репрезентативните играчи за тој натпревар може да смета само на 12 играчи од кои исто така неколкумина не се спремни и постои можност да не успеат да состават една 11-ка.

Поради тоа од клубот побарале сојузот да го одложи овој натпревар. Доколку не биде дозволено такво нешто тешко е да се верува дека Малага ќе има шанси, а и самата регуларност би била доведена во прашање.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан во проблеми, Јувентус им го “мерка“ капитенот

Веќе неколку време се шпекулира дека челниците на „Бјанконерите“ се заинтересирани за дефа…