Дома Фудбал Лига на шампиони Првиот човек на ПСЖ два пати го побарал претседателот на УЕФА во натпреварот со Звезда?!

Првиот човек на ПСЖ два пати го побарал претседателот на УЕФА во натпреварот со Звезда?!

Кореографијата која ја направија „Делиите“ во натпреварот против Пари Сен Жермен брзо се рашири во фудбалскиот свет, но истата не му се допаднала на првиот човек на францускиот клуб, Насер Ал-Келаифи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српските медиуми, поточно „Телеграф“ пишува дека Келаифи во текот на натпреварот од ложата два пати го побарал првиот човек на УЕФА Александар Чеферин.

Како што пишува споменатиот медиум, Келаифи по истакнувањето на кореографијата телефонски го побарал Чеферин кој не бил запознаен со случувањата. Потоа Чеферин се слушнал со својот делегат кој бил на стадионот кој му објаснил за што станува збор.

Неколку моменти подоцна Келаифи одново го завртел истиот број, но одговорот на Чеферин не му се допаднал бидејќи тој му порачал дека не гледа во што е проблемот.

Иначе, „Делиите“ идејата за споменатата кореографија ја добиле од цртаниот филм Душко Долгоушко, кога тој и Сим Страхот кој е прикажан како шеик имаат судир во пустината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Хаос во една репрезентација: Јас повеќе нема да играм додека тој е селектор!

Централниот играч за врска на Вилјареал, Папе Гуеје, објави дека повеќе нема да игра за ре…