Дома Македонски спорт Мак фудбал Првиот човек на италијанскиот фудбал: Стравувам од Македонија

Првиот човек на италијанскиот фудбал: Стравувам од Македонија

Првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина стравува пред бараж дуелот со Македонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија на 24 март на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо со Италија ќе го одигра полуфиналниот бараж за Светско првенство.

Првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, за италијанските медиуми истакна дека стравува за исходот од дуелот со Македонија.

„Стравувам од првиот натпревар против Македонија. Овие натпревари секогаш се тешки за играње. Италија е голем фаворит, но тоа за нас ќе биде многу тежок натпревар. Нема место за поправен, а Македонија е квалитетна репрезентација, постигна добри резултати во изминатиот период. Затоа фудбалерите треба да бидат многу внимателни“, изјави Гравина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …