Дома Останати Тенис Прва сензација на Австралија Опен: Надал елиминиран уште во второто коло!

Прва сензација на Австралија Опен: Надал елиминиран уште во второто коло!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Голема сензација се случи утрово на Австралија Опен во Мелбурн каде што беше елиминиран Рафаел Надал во второто коло.

Подобар од Надал и тоа со 0:3 беше Американецот Мекензи Мекдоналд. Очигледно Шпанецот го плати данокот на повредата која го мачи долго и поради која веќе се зборува за негов крај на кариерата.

Првите два сета Надал ги загуби со 4:6, а последниот со 5:7 што секако е разочарување ако се знае дека Мекдоналд во овој момент е 65-ти тенисер на АТП листата.

Поразот на Надал беше поздравен од навивачите на Ѓоковиќ кои сега очекуваат српскиот ас да стигне до десеттата круна во Мелбурн. Надал беше оценет како негов најголем ривал на патот до титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Калин ќе игра за титула во Тунис!

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановск…