На денешното собрание Перо Антиќ беше избран за нов претседател на МКФ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Антиќ како единствен кандидат беше избран на Собранието кое денеска се одржи во „Сквер 21“ во Скопје. Инаку, Антиќ беше единствен кандидат откако претходно од трката се откажаа Владимир Темелковски и Петар Наумоски.
Легендата на македонската кошарка беше предолжен 15 членки, а поддржан скоро од сите.
Во комбинација за негови соработници се споменуваат Тодор Гечевски, Владимир Георгиевски, Ѓорѓи Чековски, Димитар Мираковски, Марин Докузовски…
Во продолжение погледнете ја изјавата на Антиќ после изборот за претседател на МКФ.
Видеото е превземено од редакцијата на Полн Погодок