Дома Фудбал Италија „Правилата се јасни, Жиру не ми дозволи да дојдам до топката“

„Правилата се јасни, Жиру не ми дозволи да дојдам до топката“

Наполи вчера со голот на Елмас во петтата минута дојде до победа против Милан во дербито од Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан можеше да го избегне поразот меѓутоа голот на Кеси во 90.минута беше поништен поради офсајд. Офсајдот на Жиру предизвика дебата на Апенините, а се огласи и Жуан Жесус, дефанзивецот на Наполи кој смета дека нема ништо спорно со тоа што голот е поништен.

„Правилата се јасни. Жиру не ми дозволи да дојдам до топката и да ја расчистам ситуацијата. Не е лесно да играте кога имате фудбалер до вас, посебно не кога тоа е некој како Жиру кој не е воопшто мал. Направив се што можам, правилата се јасни и треба да се почитуваат“.

За него Наполи ги заслужи трите бода.

„Ибрахимовиќ не е брз како што беше, па можевме да ги покриеме и двајцата. Одлично одигравме сите и ги заслуживме трите бода“, изјави Жесус.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли пак смета дека голот кој го постигнал Кеси бил регуларен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Kolku zarabotila БиХ na Svetot Prvenstvo

Босна и Херцеговина го заврши своето учество на Светското првенство со пораз од 0:2 од дом…