Дома Фудбал По доаѓањето на Роке, Чави доби и уште една добра вест

По доаѓањето на Роке, Чави доби и уште една добра вест

Oсвен доаѓањето на Витор Роке, Чави Ернандез доби уште една добра вест за претстојниот период – Иниго Мартинез се врати во тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мартинез е еден од најважните играчи во системот на Чави, а колку недостасува кога не е во тимот покажува податокот што каталонците победија само еднаш без него.

Поразите од Антверп и Жирона, како и ремито со Валенсија беа токму поради лошата одбрана во отсуство на Мартинез. Чави веќе најави дека Мартинез ќе биде во почетниот тим штом биде спремен за игра.

Планот на Чави е Кунде да биде во ротација на десната страна, додека стоперскиот тандем да го сочинуваат Араухо и Иниго. Сега ако се одземе Гави за кого сезоната е завршена недостасува само Педри.

Во четврток Барса гостува на Лас Палмас, а потоа за викендот во Купот на Шпанија игра против нисколигашот Барбастра, па патува во Ријад на Суперкупот каде што ќе се соочи со Осасуна во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…