Дома Фудбал Германија По авантурата во Рели ДАКАР, Вилаш Боаш е подготвен да направи кам бек во фудбалот и тоа во Бундеслигата!

По авантурата во Рели ДАКАР, Вилаш Боаш е подготвен да направи кам бек во фудбалот и тоа во Бундеслигата!

Португалскиот стратег, Андре Вилаш Боаш сака повторно да седне на тренерската фотеља.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако своевремено се забавуваше со настапи на рели дакар, Вилаш Боаш кој во минатото имаше третман како новиот Жозе Мурињо, планира да се врати на тренерската професија и има прилично високи амбиции.

Во разговор за медиумите, овој 40-годишен Португалец откри дека учи германски и дека целта му е еден ден да преземе некој бундеслигашки тим. Желбата ниту помалку, ниту повеќе е Баерн Минхен.

„Со години учам германски за да остварам можност да заминам во некој клуб од Бундеслигата. Се надевам дека тоа ќе се случи уште на лето“, истакна Вилаш Боаш и додаде:

„Би лажел доколку би кажал дека не сум заинтересиран за Баерн, кој има неверојатен квалитет и припаѓа во елитата на европскиот фудбал. Го следи целиот свет“.

Последниот ангажман на Вилаш Боаш беше во Кина, каде го предводеше Шангај СИПГ, а уште имаше прилика да ги предводи, Зенит, Тотенхем, Челзи како и Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Перез донесе најголема одлука во последните 10 години – заврши приказната со Мбапе

Килијан Мбапе нема да го напушти Реал Мадрид иако многу навивачи на кралскиот клуб сакаат …