Дома Фудбал Почнува хоророт за Ковач: За неговата иднина ќе одлучуваат и револтираните играчи

Почнува хоророт за Ковач: За неговата иднина ќе одлучуваат и револтираните играчи

Баерн е во голема криза. Со ремито против Фортуна продолжи низата без победа во Бундеслигата на три меча, и зад водечката Борусија Дортмунд заостануваат девет бодови.

По мечот во Минхен, играчите отворено се побунија против Нико Коваќ, јавува Билд.

„Веднаш по мечот во соблекувалната поголем број играчи зборувале против тренерот. Претседателот на Баерн, Ули Хоенес истакна дека за иднината на Ковач ќе одлучуваат и играчите“, вели Билд.

По ремито беше запрашан и Леон Горетски го запрашале дали го поддржува Ковач.

„Не сакам ништо да кажам околу тоа“, одговори 23-годишниот Горетцки, еден од оние кои како што се наведува е незадоволен со статусот кај хрватскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту 150.000 евра не му ја отворија вратата: Гарсија остана без Динамо

Оскар Гарсија понудил да ја врати целата дотогашна заработка во Погон за да замине во Загр…