Дома Македонски спорт Почнува пријавувањето за „Скопје трча 10К“

Почнува пријавувањето за „Скопје трча 10К“

0

Од денес стартува пријавувањето за трката „Skopje Run 10K“ која ќе се одржи на 6 октомври. Тие кои ќе се пријават во текот на денешниот и утрешниот ден ќе може да го одберат својот стартен број.

Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од два пати по 5 километри.

За повеќе информации за „Skopje Run 10K“ посетете ги официјалните канали за комуникација: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.

Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и кај партнерот за пријавување www.smartrace.club.

Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.

„Skopje Run 10K“ веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во автобусот на одбојкарите ечеше „Бисер Балкански“ (ВИДЕО)

За македонскиот спорт вчера беше историски ден затоа што одбојкарите ја запишаа првата поб…