Ракометниот клуб Кјелце го „тресе“ голема финансиска криза и иднината на полскиот гигант е под знак прашалник. Клубот е во потрага по главен спонзор, но засега најавите не се добри.
Ситуацијата во Кјелце ја следат многу големи тимови и сигурно ќе се обидат нешто да искористат.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Последните информации се дека првиот сериозен чекор го направил Пик Сегед. Според информациите на полските медиуми раководството веќе има подготвено понуда за целото семејство Душебаеви.
Унгарскиот шампион сака да ги доведе Алекс и Даниел, како и нивниот татко Талант за тренер.
Рокот за спас на Кјелце истекува до крајот на јануари и тогаш работите би требало да бидат многу појасни.