Дома Фудбал Франција Потег за пофалба: Лил покажа голем респект кон Азар

Потег за пофалба: Лил покажа голем респект кон Азар

Најдобрите денови од кариерата, Белгиецот Еден Азар ги помине во Челзи каде што беше еден од најдобрите фудбалери во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред Челзи Азар растеше во редовите на француски Лил со кој успеа и да ја освои титулата во Лига 1. Азар ги помина младинските категории во овој тим и израсна во вистинска легенда на клубот.

Сега Лил му укажа голема чест и на еден од тренинг терените му го даде неговото име. Азар присуствуваше на овој прекрасен гест и се дружеше со малите деца од школата на клубот.

Исто така тој го изведе и почетниот удар на натпреварот помеѓу Лил и Рен, по крајот имаше и еден почесен круг пред фановите со кои доживеа фантастични моменти. Азар вкупно помина седум години во Лил, па со право се стекна со статусот легенда.

Крај на кариерата објави пред неколку месеци откако никако не успеа да се снајде во мадритски Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Роналдо го игра „последниот танц“ на Мундијалите

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека актуелното Светско првенств…