Сенегал вчера во Каиро успеа со 1:0 да ја совлада селекцијата на Бенин во четвртфиналето на Афричкиот куп на нации.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Репрезентацијата на Сенегал беше подобра, но не беше ни малку лесно да го скрши отпорот на Бенин, репрезентација која е една од изненадувањата во досегашниот дел од натпреварувањето.
Победата на Сенегал ја донесе Идриса Гуеје во 69. минута, но само неколку минути претходно Бенин можеше да стигне до водство.
Еден фудбалер на Сенегал ја врати топката до голманот Гомис, а тој сакаше да ја исфрли.
Сепак, беше невнимателен па топката му помина преку нозете и тргна кон голот.
За негова среќа, помина за малку покрај стативата, а тој после тоа се извини на своите играчи за потегот кој можеше да му донесе водство на противникот.