Дома Трансфер зона Потврди Партичи: Ако Јувентус не го купел Роналдо ќе направел бум во Италија со скандалозен трансфер!

Потврди Партичи: Ако Јувентус не го купел Роналдо ќе направел бум во Италија со скандалозен трансфер!

0

Во поголем разговор за „Газете дело Спорт“ главниот оперативец на Јувентус, Фабио Партичи зборуваше за тоа трансферот на Кристиано Роналдо.

Торинскиот клуб барал начин како повторно да го мотивира тимот кој има веќе сеум титули во низа шампион на Италија, а истовремено и да ги подобри шансите во Лигата на шампионите.

За се што се случувало сега зборуваше спортскиот директор Фабио Партичи.

„Му кажав на Андреа Ањели и Павел Недвед: Имам идеја. Треба да направиме проценка, затоа немојте да се смеете и немојте да избегате. Постојат два начини да го мотивираме тимот.


Следете го Sportski.mk и на


Првиот начин не можам да ви го кажам веднаш, а вториот е да го доведеме Кристиано Роналдо“, им соопштил Партичи, после што беше запрашан за првиот начин.

„Првиот начин е да го купиме Мауро Икарди и да направим бум во Италија. Место тоа можеме да го доведеме Роналдо. Андреа ме погледна и се насмеа. Во тој момент не веруваше дека Роналдо може да го купиме за сумата која ми ја кажа Мендеш“, откри Партичи.

Значи, Јувентус бил блиску до повторување на 2016 година кога во шокантен трансфер го купија Гонзало Игуаин од Наполи за 90 милиони евра.

Две години подоцна сакале да го купат капитенот на најлутиот ривал, меѓутоа Роналдо го сметале за подобра опција. Сега, не е познато колку Икарди имал желба да го засили најголемиот ривал на неговиот клуб.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ѕвездата на Рома на чекор од трансфер во Јувентус

Актуелниот шампион на Италија, Јувентус на лето повторно ќе пазарува од Рома, и тоа по доб…