Дома Фудбал Англија Потврден идентитетот и на останатите жртви во хеликоптерската несреќа

Потврден идентитетот и на останатите жртви во хеликоптерската несреќа

Вчеравечер Лестер го потврди она што се најавуваше Вичај Шривадханапраба бил во хеликоптерот кој се урна во близина на стадионот „Кинг Пауер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неговиот идентитет беше прв потврден, а соопштението од полицијата потврдува дека неговата ќерка не се наоѓала во „летот на смртта“ како што го нарече јавноста на Островот.

Покрај првиот човек на клубот животот во уривањето на хеликоптерот го загубија неговите соработници Нурсара Сукнамаи и Кавепорн Пунпаре, пилотот Ерик Свафер и патничката Изабела Розе Лехович.

Ќе потсетиме, хеликоптерот се урна веднаш по полетувањето од теренот.

Поради големата трагедија натпреварот кој Лестер требаше да го одигра во вторник против Саутемптон ќе биде одложен.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неповторливиот Кристиано Роналдо го круниса Ал-Наср

Ал-Наср е новиот шампион на Саудиска Арабија, а Кристиано Роналдо додаде уште еден трофеј …