Дома Кошарка Потврдено: Новицки ќе игра уште една сезона!

Потврдено: Новицки ќе игра уште една сезона!

Легендарниот европски кошаркар, Дирк Новицки после натпреварот против Феникс Санс, потврди дека и следната сезона ќе биде дел од НБА лигата.

39-годишниот Германец се опоравува после операцијата на глуждот.

„Планот е повторно да се вратам следната сезона и да направам добра подготовка. Тоа ќе биде долг процес, ќе претстои лето со понекои разочарувања, но јас сум подготвен да се борам против сето ова и да дадам сè од себе до последно“, изјави Новицки.

Ова значи дека Новицки ќе го исполни својот договор со тимот од Тексас, кој завршува во јуни 2019 година. На овој начин тој ќе стане првиот професионалец кој ќе игра 21 сезона во само еден клуб во НБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лучиќ блесна против Виена и ја однесе МВП-наградата во АБА

Со 25 поени и индекс на корисност 30, Андреј Лучиќ ја предводеше Мега до победа и го заслу…