Дома Македонски спорт Мак ракомет Потврдени саатниците за првите три мечеви од СЕХА лигата на Вардар

Потврдени саатниците за првите три мечеви од СЕХА лигата на Вардар

Во 2021 година првиот официјален натпревар за Вардар 1961 ќе биде домашниот дуел од СЕХА Газпром лигата против Војводина. Натпреварот е закажан за 28 јануари во СЦ „Јане Сандански“ во 17,45 часот со пренос на МТВ.

Договорени се термините и саатниците за првите три средби од СЕХА лигата. Еден ќе се одигра во јануари, а два во февруари. Покрај дуелот со Војводина, следниот месец се планирани и натпревари против НЕКСЕ во Скопје и треба да гостуваме во Украина кај Мотор Запорожје.

Единствено за дуелот со НЕКСЕ не е фиксно договорен терминот. Тој меч треба да се игра на 1 или 2 февруари. Тоа зависи од обврските на играчите во националните тимови и дали некој од репрезентациите каде има играчи во двата тима ќе игра на финалниот викенд. Средбата со Мотор е закажана за 27 февруари во Украина.

Екипата на Вардар се подготвува за продолжението од сезоната, каде ќе очекува напорно темпо и играње натпревари со згуснат распоред. Во Скопје се подготвува тимот каде недостасуваат играчите што настапуваат за своите национални тимови на СП во Египет.

„Се подготвуваме со ростерот со кој располагаме. Посветуваме внимание на физичката подготвеност, и утринските тренинзи се посветени токму на тоа. Во попладневниот термин повеќе работите на воигрување и некои тактички замисли. Ни недостасуваат шест стандардни играчии, но секако треба да бидеме сконцентрирани на секој противник. Во сабота ќе играме контролен меч со Металург со цел да видиме до каде сме со формата. Нема многу време, и откако ќе се комплетираме верувам дека ќе можеме да имаме барем 1-2 тренинзи во комплетен состав, или речиси комплетен состав. Не очекува напоред период и работиме на тоа да бидеме подготвени, вели Стевче Алушовски, тренерот на Вардар 1961.

Во моментов на СП 2021 во Египет настапуваат: Стојанче Стоилов, Димитар Димитриоски, Филип Талески и Марко Мишевски (Македонија), Патрик Валчак (Полска) и Иван Чупиќ (Хрватска).

Термини за СЕХА лига

28 јануари 2021
Вардар 1961 – Војводина (17,45 ч.)

1/2 февруари 2021
Вардар 1961 – Нексе (20,15 ч.)

27 февруари 2021
Мотор – Вардар 1961 (20,15 ч.)

Термини во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите.
Своите преостанати девет натпревари од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите ќе ги одиграaт во февруари и март. Во договор со клубовите и ЕХФ потврдени се осум термини, а единствениот натпревар за кој се уште нема датум е оној со ПСЖ во Скопје. За тој клубовите дополнително треба да се договорат

Термини Лига на шампиони.

4 февруари – 20,45 ч.
Порто – Вардар 1961

9 февруари – 18,45 ч.
ПСЖ – Вардар 1961

11 февруари – 18,45 ч.
Флензбург – Вардар 1961

14 февруари – 18 ч.
Вардар 1961 – ПИК Сегед

18 февруари – 18,45
ПИК Сегед – Вардар 1961

21 февруари – 16 ч.
Вардар 1961 – Елверум

25 февруари – 18,45 ч.
Елверум – Вардар 1961

4 март – 18,45 ч.
Вардар 1961 – Мешков

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Службени бодови и за Металург и Е.Пелистер во Европската лига

Покрај Вардар и Металург и Еурофарм добија службени бодови во Европската Лига. Металург сл…