Дома Топ вести Постигнат договор: Онана се сели на Олд Трафорд

Постигнат договор: Онана се сели на Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед и Интер се блиску до договор за голманот Андре Онана, пренесува „Скај Италија“.

„Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов голман, а најголема желба е токму Онана, кој имаше одлична сезона во Интер.

Онана веќе ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед и чека зелено светло да го комплетира трансферот.

Интер ја одби првата понуда од 40 милиони фунти плус бонуси, но Јунајтед не се откажа и испрати нова подобра понуда.

Медиумите пренесуваат дека постои начелен договор за трансфер тежок 50 милиони евра, па останува да се договорат уште мали детали и Онана да се пресели на Олд Трафорд. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…