Дома Трансфер зона Постигнат договор: Калиниќ се сели во Атлетико Мадрид!

Постигнат договор: Калиниќ се сели во Атлетико Мадрид!

„Скај Италија“ пренесува дека Милан и Атлетико Мадрид постигнале договор за трансфер на напаѓачот Никола Калиниќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со пристигнувањето на Игуаин во Милан, јасно беше дека за Калиниќ повеќе нема место во тимот, а најсиилен интерес за Хрватот покажа токму Атлетико.

„Јорганџиите“ денес постигнаа договор со Валенсија за трансфер на Гамеиро, а прва желба на Симеоне беше токму Калиниќ.

Двата клуба постигнале договор за трансфер кој ќе изнесува 20 милиони евра. Калиниќ ќе се пресели во Мадрид на едногодишна позајмица од 2 милиони евра, а следното лето „јорганџиите“ се задолжени да го откупат договорот за додатни 18 милиони евра.

Калиниќ утре би требало да пристигне во Мадрид на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 4-годишен договор со Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…