Дома Трансфер зона Постигнат договор: Барела се сели во Интер

Постигнат договор: Барела се сели во Интер

0

Сагата околу трансферот на Николо Барела заврши откако Каљари и Интер синоќа конечно постигнаа договор околу неговиот трансфер.

Барела имаше договор со „нероаѕурите“ и ги одби сите други понуди, но двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Синоќа, наводно бил постигнат конечен договор – од Каљари се согласиле да ја спуштат цената од 50 милиони евра, па Интер ќе мора да плати 45 милиони евра.

Медиумите пренесуваат дека Каљари ќе прифати сумата да биде платен на рати односно зделката да се води како позајмица со обврска играчот во целост да биде откупен следната година.

Барела се очекува во следните денови да го комплетира трансферот и да патува со тимот на Конте на подготовки во Кина.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мертенс го бараат великани, а тој прави изненадувачки трансфер

Белгијанецот Дрис Мертенс се наоѓа на излезните врати во Наполи. Во редовите на италијанск…