Откако вчера вечер Пари Сен Жермен соопшти дека на Нејмар ќе му биде направена операција, фудбалерот отпатува во Бразил.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Операцијата на Нејмар ќе биде направена во Бело Хоризонте, поточно во болницата „Хоспитал Матер Деи – Унидаде Санте Агостино“.
Очекувано, поради епитетот на светска мега ѕвезда болницата ќе има посебен режим во деновите кога тука ќе пристигнува најскапиот фудбалер во светот.
Нејмар нема да престојува во болницата. Ѕвездата на ПСЖ ќе биде сместен во Рио Де Жанеиро, а во Бело Хоризонте ќе патува со хеликоптер со цел да се избегне метеж во собраќајот од бранот на фанови на Бразилецот.
Потоа, во делот каде ќе се лекува Нејмар ќе биде затворено целото крило и во тие моменти пристап до тој оддел би имале само вработените во болницата.